
Ралф Шумахер го „отпиша“ Ферари од трката за титула
Макс Ферстапен доминираше во Бахреин и заврши со 12 секунди предност пред тимскиот колега Серхио Перез, а Шумахер смета дека тие двајца ќе бидат главни и оваа сезона во „најбрзиот циркус“.
„Не верувам дека Ферари може да се бори за титулата. Треба многу да ја намалат разликата. Ред Бул има одлични времиња на патеката и треба да се случи чудо, односно некоја техничка несреќа за да ја загубат битката за титулата“, кажа Шумахер.