Познато е за кој тим ќе вози Макс Ферстапен до 2023 година (ФОТО)

По одличните возења изминатата сезона во Формула 1, многумина очекуваат пилотот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Ферстапен, да се вклучи во борба за титулата кога е во прашање најбрзиот циркус на денешницата во новата сезона која ќе стартува во март.

Холанѓанецот изминатите сезони се стекна со многу искуство во Формула 1, а сега се чини дека е време да се продолжи во ист стил. Многумина веруваат дека Ферстапен ќе биде во борба за шампионската титула, доколку вози како во финишот од минатата сезона.

Во последните неколку недели се шпекулираше дека тој ќе го напушти Ред Бул, но нема да дојде до такво нешто, откако од тимот денес и официјално потврдија дека ја продолжуваат соработката.

Ферстапен ќе остане во Ред Бул до крајот на 2023 година, а воедно не го криеше задоволството од ваквата одлука.

Среќен сум што го продолжив договорот. Ред Бул веруваше во мене уште од почетокот и ми даде шанса во Формула 1, поради што ќе им бидам засекогаш благодарен на нив, изјави Ферстапен.