Пол-позиција број 80 за Луис Хамилтон!
Возачот на Мерцедес имаше најбрз круг и финишираше пред својот тимски колега Валтери Ботас, додека трет ќе стартува Макс Ферстапен од Ред Бул. Кими Раиконен ќе тргне од четвртото место, додека неговиот тимски колега и најблизок ривал на Хамилтон во борбата за титулата, Себастијан Фетел ќе стартува како девети.
Во таборот на Ферари настана забуна поради временските услови, па Германецот во третата фаза од квалификациите на патеката беше со погрешни пневматици.
За Британецот ова беше осма сезонска пол-позиција и вкупно 80-та во кариерата.