Почнаа проблемите во Ферари: Леклер не го сака Хамилтон во тимот

Иако има уште една година до трансферот на Луис Хамилтон во Ферари, актуелниот возач на италијанскиот тим Шарл Леклер веќе изразил негодување од можноста тој да му биде партнер.

Кориере дело спорт тврди дека натпреварувачот од Монако до последен момент не бил известен за промените во тимот, а сега е загрижен дека Хамилтон може да ја добие улогата на прв возач. Такво нешто и се очекува и покрај тоа што Британецот ќе има 40 години кога ќе се пресели во Ферари.

Хамилтон ќе го замени Карлос Саинс чиј договор истекува на крајот од годината. Како и да е, од ова нема назад бидејќи Леклер неодамна го продолжи договорот на уште три сезони, а Хамилтон веќе е претставен како нов член на поранешниот светски шампион.