Пјастри ќе се жртвува за Норис да стане шампион

Мекларен оваа сезона би можел да ја загрози шампионската титула на Макс Ферстапен од Ред Бул, а поради тоа Оскар Пјастри е подготвен да се жртвува и да му помогне на Ландо Норис.

Шефот на Мекларен, Андреа Стела кажа дека секоја поддршка кон Норис ќе биде коректна и во спортски дух, но очигледно Пјастри ќе му препушта позиции на неговиот тимски колега за да го стигнат Ферстапен.

Пред трката за Големата награда на Азербејџан, Норис заостанува 62 бодови зад лидерот Ферстапен, додека на располагање до крајот на сезоната има уште 232 бода.

Пјастри, од друга страна, е четвртопласиран и има 106 бодови помалку од Ферстапен, па затоа ќе му „попушта“ на Норис бидејќи неговиот колега е поблиску до шампионот.