Пилотот во Ф2 конечно проговори за хорор - несреќата: Јасно ми е што ме чека! (ВИДЕО)

Дваесет годишниот пилот во Формула 2, Хуан Мануел Кореа,  кој беше сериозно повреден во страшната несреќа на белгиската патека Спа, беше опериран во Лондон.

Операцијата траеше неверојатни 17 часа, а докторите посочија дека на Кореа му предлагале да му ја ампутираат десната нога, но пилотот одбил.

Докторите во текот операцијата имале големи компликации со крвните садови, но сепак, на крајот операцијата била успешно завршена и Кореа најверојатно ќе ја напушти болницата за еден и пол месец.

Наредните година дена ќе има дневни терапии за да ја врати функционалноста на десната нога, по што Кореа.

Jас разбирам што ме чека. Моите нозе треба да се опорават и знам дека доаѓа долга рехабилитација. Оваа несреќа е потешка од било што друго. Благодарност до сите од се срце, изјави Кореа.

Во несреќата на патеката Спа, трагично настрада Антоан Хуберт, додека Кореа заврши во болница со сериозни повреди, каде лекарите се бореа за неговиот живот со недели.