Нови детали: Шумахер повеќе не може ниту да зборува!

Новинарот на германски „РТЛ“, Феликс Горнер објави детали за состојбата на легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер.

Горнер, кој со години ја следи здравствената состојба на Шумахер, открива дека тој е во сериозна ситуација и целосно е зависен од лицата кои се грижат за него, а воедно загрижува и тоа што повеќе не може да зборува.

„Ситуацијата е многу тажна. На Михаел му е потребна постојана нега и целосно зависи од неговите негуватели“, открива Горнер.

Шумахер се здоби со тешка повреда на главата на скијање во 2013 година, по што беше во вештачка кома и имаше неколку сложени операции.