Нов рекорд: Формула 1 сезонава ја гледале две милијарди луѓе!

Оваа сезона во Формула 1 која донесе невидена возбуда и хичкоковска трилер-завршница во битката за шампионската круна која првпат ја освои Макс Ферстапен, постави нов рекорд во гледаност, откако нешто над две милијарди луѓе ја следеле целата сезона во „октанскиот циркус“.

Ф1 се пофали со новиот рекорд по гледаност, а Стефано Доминкали, посочи дека последната трка во Абу Даби, која донесе невидена драма за титулата во последниот круг во кој Ферстапен го претекна Луис Хамилтон за шампионската круна според гледаноста е најгледан спортски настан за 2021 година, дури погледан и од финалето на Европското првенство летово на „Вембли“.

„Имавме неверојатна сезона, а Ф1 ја гледаа повеќе од две милијарди луѓе и последната трка во Абу Даби е најгледан спортски настан за оваа 2021 година. Ова се маестрални бројки и сето ова ме прави горд кога гледам дека Формула 1 станува многу популарна во светот. Ова е само показател дека се движиме во вистинската насока“, вели Доменкали.