Норис победи во Абу Даби, Мекларен ја освои титулата за конструктори!
Првпат по 1998 година Мекларен се радува на титулата за конструктори. Неа ја завери Ландо Норис со одлично возење. Тој прв ја мина целта во Абу Даби и запиша нова победа.
Зад него со 5,8 секунди заврши Карлос Саинц, а место на подиумот имаше и за другиот возач на Ферари, Шарл Леклер.
Во топ 10 завршија и Хамилтон, Расел, Ферсапен, Гасли, Хулкенберг, Алонсо и Пјастри.
Следната сезона ќе започне во март со трката за Големата награда на Австралија.