Невреме во Австрија: Квалификациите може да не се одржат (ВИДЕО)

Силно невреме го прекина третиот слободен тренинг во Австрија на патеката „Ред Бул Ринг“, а со тоа можеби нема да се одржат ниту квалификациите за утрешната трка.

Наскоро ќе се знаат повеќе информации, но дел од официјалните лица најавија дека доколку нема можност за квалификации денеска и евентуално утре сабајле, тогаш за официјални резултати ќе се земат времињата од вториот слободен тренинг вчера.