Неславен крај на Монца: Иџе доби неочекуван удар кој му го оштети возилото (ВИДЕО)

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе не ја заврши втората трка на Монца на ТЦР Италија откако во него удри еден од ривалите.

Трката беше одложена за еден час поради лошите временски услови, а Иџе на почетокот тргна од петтата позиција, но потоа загуби неколку позиции и заврши на осмото место.

По рестартот на трката во самиот финиш по повлекување на безбедносното возило, Стефановски беше инволвиран во инцидент, па заврши надвор од трката.

„Жал ми е што не добив удар во борба туку ме удрија од позади. Не ја знам вистинската причина, дали момчето ги загуби сопирачките или беше нешто друго. Возилото е оштетено, чекаме по завршувањето да се земе и да се прегледа, по што ќе биде јасно дали ќе може да се поправи возилото за да продолжиме со трките“, вели Иџе.