Најава за пеколна трка: Леклер прв ќе стартува на „Каталуња“ во Барселона!

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Шпанија, која утре ќе се вози на патеката „Каталуња“ во Барселона, откако извозе најбрз круг во денешната квалификациска сесија.

Тој патеката ја мина за 1:18,750 минути, со што излезе како подобар во пресметката со актуелниот формула еден-шампион, Макс Ферстапен, кој заостана за 323 стотинки. Како трет ќе стартува вториот возач на Ферари, Карлос Саинц, додека до него ќе биде Џорџ Расел од Мерцедес.

Петти ќе тргне Серџо Перез од Ред Бул, додека седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон, ќе има тешка задача да дојде до подиумот, бидејќи тргата ќе ја почне од шестата стартна позиција.