„На подиумот имаше три Ред бул-а, Астон Мартин е плагијат од нашиот болид!“

Ред бул доминираше на првата трка од новата сезона во Формујла 1, на „Сахир“ во Бахреин, но она што беше изненадување е пласманот на Фернандо Алонсо од Астон Мартин, зад двајцата пилоти на шампионскиот тим.

Тоа ги разбуди „демоните“ од минатата година, кога Ред бул се пожали кај ФИА дека Астон Мартин го копира нивниот лански болид. Се јави Хелмут Марко, советникот во Ред бул со изјава во свој стил, дрско и со обвинување за Астон Мартин.

„Јасно е дека тоа што Фалоус го има во главата не може да биде избришано. Копирањето на фокусот не е забрането, но може ли да копирате такви детали, без да имате документација за нашиот болид? Имавме три Ред була на подиуот, само што последниот беше со различен мотор“, рече Марко.

Фалоус е всушност Ден Фалоус, човекот кој заедно со Ендру Алеси се двајца позвучни инжинери меѓу неколкуте вработени на Ред Бул, кои заминаа во Астон Мартин уште лани. Поради нивното присуство во работилниците на Астон Мартин, Ред бул лани се жалеше кај ФИА дека болидот АМР22 е копија на нивниот. Сепак, ФИА го отфрли приговорот уште во месец мај и пресуди дека британскиот тим имал дизајн за тој болид уште во 2021, пред да дојде екипажот од Ред бул.