Мото ГП со големи промени: Нов распоред на тркачкиот викенд од 2027 година (ВИДЕО)

Мото ГП од следната сезона ќе влезе во нова ера поради големите технички промени, но и поради новиот формат на тркачките викенди. Официјално беше потврдено дека распоредот ќе биде изменет, а најголема новина е воведување на посебни квалификации за спринт-трката.

Според новите правила, петочната програма ќе почне со 45-минутен прв слободен тренинг, по што ќе следи 30-минутен втор тренинг, додека денот завршува со 15-минутни квалификации за спринтот.

Во сабота ќе има нов распоред, односно 20-минутен трет слободен тренинг, па возачите ќе ги возат квалификациите за главната трка во недела. Сите ќе учествуваат во првите квалификации, а најбрзите 12 ќе продолжат во вторите квалификации, каде што ќе се одлучува за пол-позицијата и стартните позиции, а денот завршува со спринт-трка.

Промени ќе има и во недела. Загревањето од 10 минути ќе биде укинато, а неговото место ќе го заземе десетминутен период во кој пит-лајнот ќе биде отворен пред стартот на главната трка.