„Мирор“: Фотографии од Шумахер во болнички кревет биле продадени на црниот пазар!

Шест години поминаа од несреќата на Михаел Шумахер на скијање на Алпите, кога падна и ја удри главата во камен. Тогаш кацигата му го спаси животот, но не можеше да го зачува од тешки повреди. Јавноста засега не знае во каква состојба се наоѓа германскиот возач, но од време на време се појавуваат детали.

„Мирор“ тврди дека Шумахер минатата година во Женева бил фотографиран како лежи во кревет, а потоа „непозната“ личност ги продала фотографиите за 1,17 милиони евра.

Сопругата Корина се јавила во полиција за да се преземе нешто против лицето кое ги продало фотографиите, со кои се нарушува приватноста на поранешниот возач во Формула 1.

Претходно познат неврохирург од престижна клиника во Болоња ги предупреди фановите на Ф1 дека Шумахер не е истата личност која ја паметат.