Мерцедес моќен во Бразил, прва победа во кариерата за Џорџ Расел!

Британецот Џорџ Расел засекогаш ќе се сеќава на денешната трка за Големата награда на Бразил возена во Сао Паоло, откако за првпат во кариерата се искачи на највисокото место на пиедесеталот.

Тој со тоа го потврди моќниот викенд на неговит тим Мерцедес, со оглед што зад него се пласира клупскиот колега Луис Хамилтон. Тоа беше возбудлива трка со неколку инцидентите и две излегувања на сигурносното возило, во која германскиот автомобилски гигант излезе како апсолутен победник, со оглед што првпат по трката во Саудиска Арабија минатата сезона се најде во улога на победник.

Зад Мерцедес се најдоа болидите на Ферари и тоа на Карлос Саинц како третопласиран и на Шарл Леклер на четвртата позиција, додека петти беше ветеранот Алонсо, зад кого е феноменална трка во која напредува дури 12 позиции во однос на стартот. Возачите на Ред Бул, Ферстапен и Перез завршија како шести и седми.