Мекларен ќе ризикува сè за двојната круна во 2025 година!

Титулата во конструктори во Формула 1 оваа сезона ја освои Мекларен, додека индивидуалната награда му припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул.

Мекларен најави дека следната сезона ќе оди на сè или ништо, односно ќе преземе поголем ризик со цел да добие светски шампион во „најбрзиот циркус“.

Извршниот директор на тимот, Зек Браун откри каков пристап ќе имаат за следната сезона во Ф1.

„Ќе влеземе подготвени во следната сезона. Тимот има поголема самодоверба и ќе преземе храбри потези. Следната сезона ќе ризикуваме сè за двојната круна“, кажа Браун.