Мартин најбрз на Мото ГП во Португалија – Маркез и Бањаја се истребија меѓу себе (ВИДЕО)

Возачот на Дукати Прамак, Хорхе Мартин, победи на денешната трка од шампионатот во Мото ГП за Големата награда на Португалија, откако беше доминанте од почетокот до крајот за конечно славје со вкупно време од 41:18,138 минути.

Втор до него на пиедесталот беше Италијанецот Енеа Бастианини од тимот на Дукати со заостанување од 0,882 секунди, а трет шпанскиот возач на Ред Бул, Педро Акоста, со 5,362 секунди. Бред Бајндер од Јужна Африка беше четврти, а Австралиецот Џек Милер беше петти.

И на оваа трка неверојатен дуел имаа големите ривали, Марк Маркез и Франческо Бањаја, кој заврши со заедничко паѓање. Маркез се врати и го освои 16. место, додека актуелниот шампион Бањаја не ја заврши трката. Следната пресметка од Мото ГП-шампионатот е закажана за две недели во САД.