Маркез повторно се оперираше и нема да вози во Аргентина (ВИДЕО)

Поранешниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез ќе ја пропушти втората трка во сезоната поради операција на десната рака која ја повреди на трката во Португалија.

Маркез се повреди на трката во Португалија, кога се судри со ривалот Мигел Оливеира, по што мораше да оди на операција, која поминала без компликации.

Трката за Големата награда на Аргентина се вози на 2 април.