Маркез повторно падна од мотор, Квартараро стигна до пол-позиција во Тајланд

Марк Маркез дефинитивно нема по добро да ја памети патеката во Тајланд, откако на слободниот тренинг имаше тежок пад, а денеска повторно падна на квалификациите, на кои најбрз беше Фабио Квартараро.

Квартараро заврши со време 1.29.719 пред Маверик Вињалес и Маркез, кои беа за нијанса побавни од него.

Да потсетиме, трката за Големата награда на Тајланд ќе се одржи во недела од 9.00 часот.