
Крај на една ера во Ред Бул, Кристијан Хорнер доби отказ!
Хорнер ја презеде директорската функција во Ред Бул во 2005 година и го издигна тимот на врвот во Формула 1.
Менаџментот на Ред Бул одлучи да се раздели со Кристијан Хорнер кој денеска и официјално се збогуваше со вработените во фабриката во Милтон Кинс.
Тој имаше важечки договор до 2030 година, но раководството на клубот реши да го отпушти. Сопствениците Чарлем Јувидја (51 процент од акциите) и Марк Матешиц (49 проценти) како и извршниот директор Хелмут Марко ја поддржале одлуката за реконструкција на тимот.
Причините се спортската криза во која во моментов се наоѓа Ред Бул. Наместо да се натпреваруваат за титулата, тие се лизнаа на четвртото место.
Тоа е исклучително фрустрирачки за суперѕвездата Макс Ферстапен кој засега останува верен на Ред Бул, но во договорот кој му трае до 2028 има клаузула дека може да го раскине доколку не биде меѓу тројцата најдобри возачи до крајот на јули. Мерцедес е заинтересиран за него.
Хорнер ја имаше преземено целата раководна моќ. Тој беше шеф на тимот, раководеше со техничкиот и моторниот оддел и со маркетинг денот. Познат е како вреден работник кој постојано работи. Но, тоа е веќе минато, веќе не е дел од Ред Бул.
Фото: EPA Photo