Конечно добри вести за состојбата на Михаел Шумахер

Пред речиси пет години Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа при скијање на француските алпи и само среќата и добрата медицинска помош му го спасија животот на легендарниот Формула 1 возач. 

Изминативе години јавноста добиваше многу малку информации за состојбата на Германецот. Последниот текст во „Дејли Мејл“ истакнува дека Шумахер е во далеку подобра состојба отколку што се мислеше.

Тој повеќе не бил „врзан“ за кревет и не преживува со помош на апарати. Состојбата му се подобрува откако добива скапа медицинска помош, кој чини дури 50.000 фунти неделно. Има специјализиран тим на доктори и медицински сестри кои постојано се грижат за него, а третманот очигледно функционира.

Неговиот поранешен шеф во Ферари и сегашен прв човек на ФИА, Жан Тод е човекот кој најчесто го посетува Шумахер. Тој истакна дека заедно ја гледале трката во Бразил годинава, кога Луис Хамилтон ја завери шампионската титула.

Шумахер моментално живее во замок во Швајцарија, чија вредност се проценува на неверојатни 50 милиони фунти, опкружен со најблиското семејство.