Италијански неврохирург тврди: Шумахер може да ги мрда палците!

Неврохирургот и директор на Миланскиот институт за неврологија, Матилда Леонарди, смета дека Михаел Шумахер е во „минимална свесна состојба“ која му овозможува да ја врти главата и да плаче поради гласовите што ги слуша околу себе.

Францускиот весник „Ле Парисиен“ неодамна објави сторија со медицинската сестра од болницата „Жорж Помпиду“, каде Шумахер беше префрлен заради наводен третман на матични клетки.

Сепак, Леонарди вели дека седумкратниот светски шампион бил подложен на тој третман.

Во јавноста постои забуна помеѓу вегетативната состојба и состојбата со минимална свест. Пациентите што се во состојбата на Шумахер ги отвораат очите, можат да ја свртат главата кога ќе бидат повикани, можат да ги помрдант палците, а на крајот од разговорот можат да заплачат. Нема објавени научни податоци за да се докаже постоењето и ефективноста на овој третман. Нема трага од овој протокол, ниту сличен експеримент на пациенти во состојба на „минимална свест“.

Шумахер се здоби со сериозна повреда за време на скијањето на француските Алпи на 29 декември 2013 година, а оттогаш неговата здравствена состојба е под знак прашалник.