
Историска победа на Алдегер во Индонезија, шампионот го повреди рамото (ВИДЕО)
Само на своето 18. појавување во елитата, Алдегер го искористи хаотичниот расплет меѓу фаворитите и стигна до најголемиот успех во својата кариера. По целта, емоциите го совладаа и 21-годишниот Шпанец не можеше да ги задржи солзите. Зад него се најде сонародникот Педро Акоста од тимот на КТМ Рејсинг, додека третото место и последното скалило на подиумот го освои Алекс Маркез од Гресини Рејсинг.
Возбудата започна уште во првиот круг, кога Марко Бецеки и Марк Маркез имаа тежок контакт по кој двајцата излетаа од патеката и ја завршија трката предвреме. Само една недела по освојувањето на титулата, актуелниот светски првак повторно се здоби со повреда на рамото.
Дукати доживеа вистинска катастрофа, бидејќи и Франческо Бањаја не ја заврши трката. По неколку кругови на дното од пласманот, во деветтата рунда тој излета и стави точка на разочарувачкиот викенд за италијанскиот производител.