Инцидент на Дакар: Хеликоптер удри во кров на камион (ВИДЕО)

Дакар заврши со два тешки инциденти на мотоцклисти, при што Пјер Керпин почина од повредите, додека другиот е во кома, а во последниот ден за малку ќе се случеше уште една трагедија.

Рускиот возач на камион, Антон Шибалов и пилотот на хеликоптерот во еден момент се судрија, односно леталото удри во кровот на возилото, при што беше скршен дел од кровот.

Инцидентот беше снимен од камерите, а за среќа немаше повредени бидејќи хеликоптерот по судирот веднаш се крена во воздух и беше избегната голема трагедија.