Ужасни сцени од трагедијата на релито Дакар (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ)

Пауло Гонкалвес го загуби животот за време на седмата етапа на релито Дакар.

Португалскиот возач имаше несреќа на 263-иот километар од етапата која се возеше помеѓу Ријад и Веи Ал Давашир во Саудиска Арабија.

Кога брзата помош пристигнала на местото на настанот, Гонкалвес бил во несвест, по што со хеликоптер бил пренесен во болница.

Лекарите безуспешно се обиделе да го реанимираат Португалецот на местото на несреќата, а неговата смрт била константна во болницата.

Несреќа со трагични последици на релито во Дакар немаше уште од 2015 година кога полскиот возач Михал Херник почина поради дехидрираност и топлина.