![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2023/09/23/208841-horhe-martin-pobedi-na-sprint-trkata-vo-indija.jpg?itok=41wWiEYZ)
Хорхе Мартин победи на спринт трката во Индија
Тој победи пред лидерот во шампионатот, Франческо Бањаја и ја намали неговата предност на 33 поени.
Победата за Мартин во Индија беше четвртата спринт трка на која заврши како прв.
Мартин стартуваше од втората позиција, но го искористи инцидентот меѓу возачите на ВР46, во првиот свиок влезе како прв и го задржа водството до крајот.
Второто место го освои лидерот во генералниот пласман, Бањаја, а трет беше Марк Маркез на Репсол Хонда.
Утре (недела) со почеток од 14 часот ќе се вози трката за Големата награда на Индија, прва во историјата на Мото ГП.