Хаотични квалификации во Азербејџан: Верстапен ја освои пол-позицијата во Баку

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен најдобро помина на хаотичните квалификации во Баку, откако ја освои пол-позицијата пред Карлос Саинц од Вилијамс.

Ферстапен го извозе најбрзиот круг на патеката и оствари време 1:41.117, а квалификациите ги одбележа вистински хаос, откако дел од возачите завршија во бариерата, а меѓу нив беше и лидерот во генералниот пласман Оскар Пјастри од Мекларен.

По Ферстапен и Саинц ќе стартуваат Лосон, Антонели, Расел, Цунода, Норис, Хаџар, Пјастри и Леклер во топ-10.

Фото: EPA