Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го почна „Ракометниот караван“ кој ќе се одржи низ повеќе градови во Македонија со цел да се направи промоција на спортот.

Караванот денеска тргна од Охрид, каде што се комплетира турнирот „Трофеј Македонија“, а децата се сретнаа со ракометни легенди.

„Денес сликите зборуваат повеќе од милион зборови. Насмевките, енергијата и срцата на над 300 деца ја раскажаа најубавата приказна на нашиот прв Ракометен караван 2025. Секој кадар е доказ дека спортот носи љубов, среќа и магија“, гласи пораката на РФМ.

Фото: РФМ