Нов дебакл на Жирона: Леванте им даде четири гола (ВИДЕО)

Леванте оствари голем триумф на гостувањето кај Жирона со 4-0 во петтото коло од шпанската Ла Лига.

Жирона остана со фудбалер помалку во 30. минута кога Витсел доби црвен картон, а во финишот од полувремето Ета Ејонг стрелаше за предност од 1-0.

Витор Реис заработи црвен картон на почетокот на вториот дел, а Жирона со два играчи помалку не можеше да му парира на Леванте кој ја презема контролата врз дуелот.

Алварез набрзо погоди за 2-0, а до крајот на мечот во листата на стрелци се запишаа и Ромеро и Којалипоу.

Standings provided by Sofascore

Фото: Levante UD