Тунис ремизира со Египет: Македонија го освои турнирот во Охрид!

Ракометарките на Тунис и Египет ремизираа (25-25) во последното коло од турнирот „Трофеј Македонија“, со што првото место им припадна на македонските ракометарки.

Египет имаше водство во самата завршница и беше пред победа, меѓутоа Тунис успеа да се извлече и да обезбеди реми, а тоа значеше славје за Македонките кои претходно службено го добија дуелот со Грција.

Првото место на турнирот во Охрид е резервирано за Македонија, по што следат Грција, Египет и Тунис.

Фото: РФМ