Тотнем се спаси од пораз, Кристал Палас ја продолжи кризата на Вест Хем! (ВИДЕО)

Тотнем губеше со 2-0 на гостувањето кај Брајтон, но успеа да се спаси од пораз, мечот заврши 2-2, Вест Хем никако да се опорави, денеска на свој терен загубија со 2-1 од Кристал Палас.

Брајтон брилијантно го почна мечот со Тотнем, по половина час веќе имаа предност од 2-0 со голови на Минтех и Ајари, во финишот од првиот дел Ришарлисон намали на 2-1, а на десетина минути пред крајот на мечот Ван Хеке си постигна автогол за конечни 2-2.

Нов пораз за Вест Хем кој многу веројатно ќе донесе и тренерска смена на кормилото, овојпат Кристал Палас го доби лондонскиот дуел со 2-1.

Постекоглу ќе почека за првата победа со Нотингем форест, денеска одиграа 1-1 на гостувањето кај Барнли.

Со три бода од гостински терен се враќа Лидс кој со 3-1 беше подобар од Вулвс.

На почетокот на денот Ливерпул со 2-1 го победи Евертон во градското дерби.