Ливерпул го доби градското дерби со Евертон за „пет од пет“ во лигата (ВИДЕО)

Англискиот шампион Ливерпул продолжува со победничката серија во Премиер лигата, откако денеска во градското дерби против Евертон славеше со 2-1 на „Енфилд“.

Избраниците на Арне Слот по само 10 минути постигнаа гол преку Рајан Гравенберх, а потоа стрелаше и Уго Екитике за водство од 2-0 пред паузата.

Идриза Геј ги врати „карамелите“ во игра со погодокот во 58. минута, но фудбалерите на Дејвид Мојс не успеаја да го матираат Алисон Бекер и по вторпат до крајот на мечот.

Standings provided by Sofascore