Хамилтон со триумфот во Абу Даби израмни рекорд на Сена (ФОТО)

Луис Хамилтон ја освои шестата титула во Формула 1, а сезоната ја заврши со победа на патеката во Абу Даби. За него тоа беше 250. трка, а дури 50. пат  стигна до триумф откако тргна од првата позиција.

Хамилтон водеше од првиот до последниот круг по 19. пат и така го израмни рекордот на легендарниот Ајртон Сена.

Да потсетиме, вчерашната победа на Хамилтон беше вкупно 84. во неговата кариера.