„Хамилтон се однесуваше како уличен борец на Силверстоун“

Пред два дена се случи голем инцидент на трката за Големата награда на Велика Британија меѓу Луис Хамилтон и Макс Ферстапен, кога возачот на Ред Бул си го искрши болидот.

Хамилтон поради инцидентот доби казна од 10 секунди, но и покрај тоа славеше на крајот на трката и бурно прослави, а тоа налути многумина затоа што поради него претходно можеше да настрада друг возач.

Свое мислење за инцидентот на Силверстоун кажа и поранешниот британски возач Дејмон Хил.

„Хамилтон се однесуваше како уличен борец. Сакаше да покаже што може да направи ако некој го предизвика и мислам дека ова ќе има големо влијание врза Макс. Ќе знае дека Хамилтон не бега од борба и тоа ќе биде голем проблем. Вакви потези се голем ризик за безбедноста, мора да се дисциплинираат возачите и да има построги казни кога ќе се случи некој контакт“, смета Хил.