Хамилтон се израмни со Шумахер, Рикардо се избори за подиум во Германија (ВИДЕО)

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон славеше на трката за Големата награда на Ајфел, откако успеа да го престигне неговиот колега Валтери Ботас, кој испадна многу рано од возбудувањата на патеката.

Хамилтон возеше одлично до крајот на трката, па во ниту еден момент не беше загрозена неговата позиција од страна на Макс Ферстапен, додека на подиумот имаше место и за Даниел Рикардо. Веднаш по нив следеа Серхио Перез, Карлос Саинц, Пјер Гасл, Шарл Леклер и Нико Хулкенберг.

Британскиот возач со победата на Нирбургринг успеа да се израмни со Михаел Шумахер на врвот на листата по број на победи во историјата.