Хамилтон првпат победи во Катар, но Алонсо ги освои срцата на навивачите!

Актуелниот светски шампион во формила еден-шампионатот, Луис Хамилтон, доминантно победи на денешната трка за Големата награда на Катар, откако беше во водство од првиот до последниот круг.

Британецот ја доби директната битка со најголемиот ривал за титулата, Макс Верстапен, кој заврши како второпласиран, што е добар резултат за него со оглед што стартуваше од седмата позиција поради казната од пет места по вчерашните квалификации. Но, нивната пресметка некако остана во сенка на третото место на Фернандо Алонсо, што за него беше враќање на подиумот по пауза од седум години.

Хамилтон со овој триумф ја намали негатива во однос на конкурентот во генералниот пласман, каде што има осум бодови помалку од Холанѓанецот и тоа на две трки до крајот. Клучните „војни“ за шампионскиот трофеј ќе се водат во Саудиска Арабија и во Абу Даби (Обединетите Арапски Емирати) на 5 односно 12 декември.