Хамилтон најбрз во Портимао – дојде до 97-та пол-позиција во кариерата

Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон стигна до својата 97 пол-позиција во кариерата, откако денеска беше најбрз на официјалните квалификации пред утрешното гранпри во Портимао, за Големата награда на Португалија.

Британецот беше најбрз пред својот клупски колега Валери Ботас, додека Макс Ферстапен беше трет на официјалните квалификации, а Кларк Леклер стигна до четвртата стартна позиција.

„Не можам да ви кажам колку беше тешко денеска. Видовте дека Валери после секоја сесија беше одличен, а јас само го бркав времето и избрав да извозам три круга за да имам шанса за да го надминам“, рече по квалификациите Хамилтон.

Серхио Перез и Александар Албон ќе стартуваат од третиот ред, а Карлос Сајнц и Леандро Норис од четвртата. Како и вообичаено за сезонава, Себастијан Фетел беше ужасен, па стигна само до 15-та стартна позиција за ова гранпри.