Хамилтон избегна казна од три позиции за трката во Австрија

Британскиот возач Луис Хамилтон избегна казна по завршената истрага, поради непочитување на правилата во третите квалификации.

Хамилтон не почитуваше жолто знаменце за време на возењето на квалификациите, па му се закануваше казна од три позиции, но сепак Британецот ќе стартува втор на трката.

„Скај Спорт“ објави дека комисијата решила дека возачот на Мерцедес не е виновен поради тоа што не ги забележал жолтите знаменца и поради тоа нема казна за него.

„Видео-снимката покажува дека во исто време имало жолти знаменца и зелени светла, па поради тоа возачот не можел да реагира“, соопштија од дисциплинската комисија.