Хамилтон го освои Хунгароринг: Британецот со фантастична стратегија до нов триумф!

Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон победи денеска на Големата награда на Унгарија, која се возеше на патеката „Хунгароринг“ и избега на 62 бода во генералниот пласман пред паузата од речиси еден месец во најбрзиот автомобилистички циркус.

Хамилтон денеска со одличната стратегија на Мерцедес им се врати на победите, негова осма во оваа сезона. Хамилтон на 20 круга пред крајот откако влезе во пит-стоп се најде на 20 секунди зад Макс Верстапен, кој тргна од пол-позицијата, но четири круга пред крајот успеа да го престигне со одлично возење и на крајот да запише нов триумф.

Зад Хамилтон и вториот Верстапен заврши Себастијан Фетел од Ферари, а четврти беше тимскиот колега на Германецот, Леклерк.

Хамилтон сега има 250 бодови во генералниот пласман, втор е Валери Ботас со 188, а трет Верстапен со 181. Следат Фетел и Леклерк, двоецот од Ферари со 156 односно 132 бода.