Хамилтон ги шокираше фановите: Кревам раце од сè!

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ги загрижи фановите со последната објава која ја имаше на „Инстаграм“.

Пилотот на Мерцедес, кој е на чекор до освојување на шестата титула во Формула 1, напиша збунувачка порака затоа што не се знаеше точно што сакал да каже со објавата „кревам раце од се“.

Британецот, кој има 13,1 милиони следбеници, изјави дека е крајно незадоволен.

Искрено, се чувствувам како да ги кревам рацете. Ќе се изгасам во целост. Зошто кога сè во светот е невиден хаос - луѓето не се грижат за ништо. Користете го следниот период за да размислите за сè. Благодарност на сите што се грижите за овој свет, напиша Хамилтон.

Некои се загрижија поради ваквиот став  на Хамилтон, мислејќи дека ја напушти Формула 1, додека други веруваа дека тоа се однесува на неговата заложба за заштита на животната средина, за која неодамна зборуваше.