Грожан: Да не беше „Хало-заштитата“ веројатно немаше да бидам тука (ВИДЕО)

Формула 1 возачот Роман Грожан денеска имаше страшна несреќа за време на трката за Големата награда на Бахреин. Возачот на Хаас имаше голема среќа и од незгодата излезе само со изгореници на рацете. 

 Гледачите на малите екрани останаа запрепастени откако болидот на Французинот се преполови и целиот се запали додека Грожан беше во него. Со помош на стујардите, кои имаа неверојатно брза реакција, Грожан излезе од пламените јазици. Заврши во болница со изгореници на рацете, но може да се каже дека беше вистинско чудо како успеа да преживее ваква ужасно тешка несреќа.

„Здраво на сите. Само сакав да ви кажам дека сум ОК. Добро не баш целосно ОК. Ви благодарам на сите за пораките. Да не беше 'хало' системот (заштитникот на кокпитот), една од најдобрите работи воведени во Ф1 овие годни, веројатно немаше да бидам тука да зборувам пред вас. Му благодарам на медицинскиот тим тука во болницата, но и на патеката. Се надевам дека наскоро ќе можам да ви одговорам на пораките“, изјави Грожан. 

Детали од несреќата можете да погледнете ТУКА и ТУКА.