Сцени како на холивудски филм: Грожан излегува од огнот... (ВИДЕО)

Роман Грожан доживеа тешка несреќа денеска во Бахреин после стартот на гран-прито во Формула 1, откако неговиот болид се скрши на два дела, па експлодираше и целата спортска јавност во тој момент занеме. Откако се случи експлозијата, по судирот на Грожан, 27 секунди потоа од пламените јазици излезе возачот во Ф1, како во сцена на холивудските фулмови. Само што ова не беше филм, туку инцидент во реално време, а тој мина само со мали изгореници на дланките и глуждовите.