Хаотични сцени: Полa болид го нема, Грожан за среќа го преживеа судирот! (ФОТО)

Драматична сцена беше забележана на самиот старт на трката за Големата награда на Бахреин, откако болидот на Ромејн Грожан заврши во оградата при што експлодираше неговото возило.

Иако на многумина им застана срцето со оглед на тоа дека сцената изгледаше страшно, сепак Грожан ја преживеа страшната несреќа и со помош на други лица можеше да се движи.

Меѓутоа, сликите по судирот изгледаат ужасно, затоа што половина болид на Грожан буквално исчезна во експлзијата, па навистина е голема среќа што возачот го преживеа судирот.