Грд крај на трката во Унгарија: Норис доби наредба да го пушти Пјастри да победи!

Трката за Големата награда на Унгарија ќе се памети по доминацијата на Мекларен, но и одлуката од пит-боксот која ја турна во сенка првата победа во кариерата на младиот Оскар Пјастри.

Британецот Ландо Норис по долго убедување доби наредба од тимот да му дозволи на Пјастри да го премине на два круга пред крајот.

Пјастри, сепак, ќе ја памети трката по првата победа во кариерата, додека зад двајцата од Мекларен завршија Луис Хамилтон, Шарл Леклер, Макс Ферстапен и Карлос Саинц.

Ферстапен е лидер во генералниот пласман со 265 бодови, втор е Норис со 189, додека Леклер е на третата позиција со 162 поени.