Формула 1 потврди уште две трки за 2020, првпат во Муџело

Формула 1 полека го проширува променетиот календар за сезоната 2020. На досегашните осум сигурни трки, денеска се додадени уште две, од кои едната ќе биде дебитантска за Муџело.

Италијанскиот авто-мото центар е во сопственост на Ферари, а Ф1 сака со овој потег да ја обележи трката број 1000 за Скудерија, која ќе се одржи викендот од 11 до 13 септември. Муцело, практично, ќе се случи една недела после Монца (6 септември), која досега беше последна потврдена трка во календарот со осум.

Муџело ќе биде четвртата патека која се возела на италијанско тло во 70-годишната историја на Италија, по Монца, Имола и Пескара (само еднаш, во 1957), а гран-прито официјално ќе биде ГП Тоскана.

По Муџело, карванот ќе има една недела пауза, а на 25-27 септември ќе се вози во Сочи, за руското ГП. Ф1 и понатаму е со намера да организира од 15 до 18 трки, при што некои од нив ќе се возат на исти патеки, како на пример Ред бул ринг во Австрија и Силверстоун во Велика Британија. Се очекува да бидат потврдени и останатите трки од календарот за 2020 година, а засега се зборува дека сигурни се само Абу Даби и Бахреин.