Формула 1 по 35 години повторно ќе се вози во Холандија

Најатрактивниот автомобилистички циркус Формула 1 после 35 години ќе се врати во Холандија и тоа на легендарната патека Зандворт, која од 2020 година ќе биде домаќин на најбирзите болиди во „октанскиот циркус“.

Зандворт последен пат беше домаќин на трка во Ф1 во 1985 година, а организаторите на социјалните мрежи се пофалија дека повторно се враќа патеката во календарот на најпрестижното натпреварување.

„Од почетокот на нашиот мандат во Формула 1 рековме дека сакаме трки на нови места, но и дека сакаме да ја почитуваме историјата на ова натпреварување“, рече Чејс Кери.

Зандворт беше домаќин на 30 трки во периодот од 1952 до 1985 година во Формула 1.