Формула 1 ќе се вози во Австралија до 2035 година (ФОТО)

Организаторите на Големата трка на Австралија во Мелбурн потпишаа нов договор со Формула 1 до 2035 година, а информацијата ја потврди директорот на „најбрзиот циркус“ во светот, Стефано Доменикали.

Мелбурн за првпат беше домаќин во 1996 година, а датумот за одржување на следната трка во Австралија ќе биде соопштен кога ќе биде направен распоредот за 2023 година.

„Мило ми е што можам да потврдам дека Мелбурн ќе остане во календарот до 2035 година. Викендот во Австралија од секогаш бил омилен меѓу навивачите, возачите и тимовите“, кажа Доменикали.