
Фетел си оди од Ф1, ама најави дека – може ќе се врати
Фетел освои четири титули во периодот од 2010 до 2013 година, по што премина во Ферари, а од лани беше член на Астон Мартин и после завршување на сезонава си заминува од Ф1. Но, иако за многумина тоа значи крај на кариерата, Германецот не ја отфрли можноста за камбек.
„Мислам дека од оној момент кога се откажуваш, навистина се откажуваш, ама ништо не може да се исклучи, како ни тоа дека може(би) ќе се вратам пак во Ф1. Денеска не може да кажам категорично НЕ, ама можеби за една, две или три години ќе размислувам поинаку Времето ќе покаже“, рече Фетел.
Фетел сезонава освои 36 бода и е на 11-то место во генералниот пласман.