Фетел: Сакам да останам во Ферари и по 2021 година!

Поранешниот четирикратен светски првак во Формула 1, Себастијан Фетел објави дека не сака да си замине од „црвениот барон“, иако има застој во преговорите за нов договор, истакнувајќи дека желба му е да продолжи да вози за италијанскиот тим и по 2021 година.

Веќе подолго време се шпекулира дека Фетел ќе си оди откако ќе му заврши договорот со важност до 2021 година, а особено откако Карлес Леклер доби нов договор, а наводно имало незадоволство во Ферари од Германецот. Но, тој е убеден дека наскоро ќе биде потпишана нова соработка.

„Би сакал да останам. Сега приоритет ми е оваа 2020 година, а потоа ќе видиме. Веќе еднаш бев во ваква ситуација, но штитуку е февруари. Последниот пат новиот договор го потврдивме во август, па мислам дека нема ништо тоа да промени. Намерите се јасни и сигурен сум дека ќе најдеме заеднички јазик“, рекол Фетел.

Во последниве неколку месеци се најавуваше опција дека светскиот првак Луис Хамилтон ќе дојде во легендарниот италијански тим.